fbpx

АЏИБАДЕМ СИСТИНА ДЕЛ ОД НАПРЕД РОЗОВО 2014

12.05.2014

АЏИБАДЕМ СИСТИНА ДЕЛ ОД НАПРЕД РОЗОВО 2014

Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Амбасадата на САД во Република Македонија на 17 мај 2014 година по шести пат ја организира кампањата за борба против рак на дојка “Напред розово 2014 – чекори против ракот на дојка“. Целта на кампањата е подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка.

„Учеството во хуманитарни настани и желбата да се даде придонес особено во здравственото воспитување на населението како и превенцијата на малигните болести беше предизвик за нашата болница како и за стручниот тим од центарот за онкологија и радиотерапија. Малигните болести се голем здравствен проблем кај нас и во светот. Карциномот на дојка е најчесто малигно заболување кај женската популација, затоа ваквиот тип на хуманитарни активности се од големо значење и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е поддржувач на кампањата Напред Розово 2014.“ – изјави д-р Дева Петрова, радиотерапевт, онколог од Клиничката Болница „Аџибадем Систина“.

Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка со почеток во 11:00 часот, со традиционалната розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

[widgetkit id=5]