fbpx

Одбележан денот на медицинските сестри

15.05.2017

AcibademSistina Med.Sestri 2017 02

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ традиционално и оваа година го одбележа 12 Мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри. Присутните гости на настанот ги поздрави главната медицинска сестра, Билјана Дилевска, а свое предавање на тема „Одржување на целите на одржлив развој преку работата на медицинските сестри“, имаше и Андроники Бибовска, медицинска сестра за едукации.  

За успешната работа, професионалноста, посветеноста и постојаната грижа за пациентите дел од медицинските сетри во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ добија и признание за придонес и развој на сестринската професија.

[widgetkit id=78]