fbpx

„Аџибадем Систина“ дел од поддржувачите на Скопски маратон 2017

09.05.2017

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ втора година по ред е официјален спонзор на Скопски маратон. Поддршката на спортските настани е дел од нашата стратегија за општествена одговорност и ни претставува чест што бевме дел од најмасовниот спортски настан во државата.

GW200H207

Рекорден тим учесници од „Аџибадем Систина“

Годинава „Аџибадем Систина“ го имаше најголемиот тим учесници на маратонот. Повеќе од 50 вработени од болницата трчаа и се забавуваа. Најголемиот дел вработени беа дел од трката на 5 километри, а имавме и полумаратонци. Најдобри резултати од нашиот тим постигна д-р Антони Христовкси кој ја трчаше трката од 21 км. Им честитаме на нашите вработени за негувањето на спортскиот дух и учеството на Скопски маратон. Нивните резултати се заеднички успех за сите нас.

Повеќе од 8.000 учесници на маратонот

13. издание на Скопски маратон го одбележа рекорден број учесници. Повеќе од 8.000 учесници трчаа и постигнуваа сопствени рекорди во штафетната трка и трките на 5км, 21 и маратонската трка од 42 километри.