fbpx

Презентирани најсовремените протоколи за рехабилитација во неврологијата

19.09.2017
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Здружението на физиотерапевти на Република Македонија  по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на физиотерапевти и 50 години од основањето на здружението организираа еднодневен едукативен семинар на тема „Рехабилитација во неврологија”. На овој едукативен настан свои излагања имаа еминентни доктори од оваа област, како и дел од тимот физиотерапевти.
Меѓу предавачите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа проф. д-р Јордан Савески, д-р Љуљзим Агаи, проф. д-р Јовица Угриновски, д-р Аница Хаџи Петрушева-Јанкијевиќ, д-р Милчо Демерџиев, д-р Татјана Чепреганова Чанговска, д-р Марија Гашоска и Влатко Илиевски.
Предавањето го следеа повеќе од 100 физиотерапевти од целата држава  кои со свои прашања и мислења дадоа свој придонес во настанот.

[widgetkit id=81]