fbpx

Благодарение на д-р Даниел Петровски, повторно ќе можам да играм со моите внуци

15.09.2017
AcibademSistina Tanas Trajkovski 1

77-годишниот Танас Трајковски, по успешно изведениот оперативен зафат, со насмевка на лицето си замина од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Проблемите со простатата започнале уште пред 10 години, но стравот од операција го одложувал третманот. Кога болките станале неподносливи и кога се затнале уринарните канали едноставно знаел дека мора да попушти и да појде во болница.

„По препорака на свои блиски го одбрав д-р Даниел Петровски, доктор кој ми го продолжи животот и ме спаси од болките. Немам зборови со кои можам да ја искажам мојата благодарност за неговите професионалноста и стручност. Подеднакво благодарен сум и на  целиот тим од Одделот хирургија. Беа со мене во моите најтешки моменти, максимално посветени на работата која ја работат. Ми влеаја надеж дека сè ќе заврши најдобро и дека јас повторно ќе уживам во друштвото на моите внуци. Оваа болница функционира беспрекорно, по највисоки стандарди, токму затоа ја препорачувам на сите кои имаат некаков здравствен проблем. Имав можност да се уверам како сите работат тимски, на највисоко професионално ниво, од прифаќањето до испишување на еден пациент. И сите овие зборови не се само пофалби, сето ова е вистина!“- вели Танас.