fbpx

Едукативни предавања за подигнување на свеста за карциномот на дојка

30.10.2014

Едукативни предавања за подигнување на свеста за карциномот на дојка

Клиничката болница „Аџибадем Систина” заедно со здружението „Борка – за секој нов ден” започнаа со организирање на едукативни предавања за подигнување на свеста за карциномот на дојката. „Розовиот караван 2014″ стартуваше на 29.10.2014 со едукативни предавања во општинската сала во Свети Николе.

Предавачи од Клиничката болница „Аџибадем Систина” беа д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург, шеф на Центарот за дојка и д-р Дева Петрова, специјалист онколог радиотерапевт. За време на предавањето, граѓаните на Свети Николе имаа можност да се информираат за ризик факторите, симптомите, начинот на превенција и лекување на болеста како и за најновите сознанија и достигнувања во третманот на карциномот. Посебен акцент беше ставен на важноста од рана дијагностика како клучен фактор за успешен третман. Предавањето предизвика голема заинтересираност, по што следуваше и отворена дискусија меѓу присутните за најразлични прашања од оваа област.

Ова е прво од низата едукативни предавања кои ќе бидат организирани во претстојниот период. Клиничката болница „Аџибадем Систина” дава максимална поддршка на „Розовиот караван 2014″ со цел активно учество во ваквите едукативни предавања кои овозможуваат непосредна комуникација и здравствена едукација на граѓаните на Р Македонија.

[widgetkit id=15]