fbpx

Проф. д-р Чедомир Димитровски дел од тимот на „Аџибадем Систина“

12.09.2014

Проф. д-р Чедомир Димитровски дел од тимот на „Аџибадем Систина“

 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прошири стручниот тим со еминентниот професор по интерна медицина, ендокринологот проф. д-р Чедомир Димитровски. Пациентите ќе имаат можност да добијат врвна дијагноза и третман на ендокринолошките болести, благодарение на 40 – годишното искуство во оваа област на проф. д-р Димитровски. Негова специфична област на работење е дијабетологијата и ендокринологијата.

 

Покрај богатото образование во земјава во 1995 година студирал андрологија на Унивезритетската болница „Еразмус“ во Холандија. Негови стручни области на работа се:
– Дијабетес
– Дебелина
– Брачна неплодност
– Еректилна дисфункција
– Остеопороза
– Пореметување на раст и развој
– Тироидни нарушувања
– Пореметување на надбубрежни жлезди
– Хипофизни и хипоталамусни пореметувања
– Еднокрини тумори

Има добиено многу признанија, како една од позначајните е плакета за посебен придонес во развојот и унапредување во лекувањето и превенцијата на дијабетесот која ја добил во 2010 година од Сојузот на здруженија на граѓани со дијабетес на Македонија.

„Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да го нуди најдоброто на своите пациенти во сите медицински специјалности. Нашиот професионален тим составени од најдобрите специјалисти, признати во својата професионална работа, секогаш отворени за соработка и 24 часа подготвени да одговорат на секој предизвик.

 

Вашиот преглед можете да го закажете на 02 3099 500.