fbpx

УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „Д-Р ЈОВАН КАЛАУЗИ“ ВО ПОСЕТА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

18.05.2023

Учениците од Општинското средно медицинско училиште ,,Д-р Јован Калаузи” од Битола остварија традиционална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во рамки на посетата беа опфатени учениците од IV година – медицински сестри и акушерки, како и учениците од III година од насоката фармацевтски техничари.

За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со работата во болницата, современата технологија и персоналот, а беа и дел од едукативно предавање во амфитеатарот на болницата. Идните медицински сестри и акушерки ги посетија и се запознаа со работата на ургентниот центар за деца и возрасни, амбулантските одделенија, стационарите, додека фармацевтските техничари се запознаа со работата на болничката аптека и Одделот за дијагностички лаборатории.

 „Воодушевени сме од капацитетите, можностите, начинот на работа и технологијата што ја поседува болницата, медицинските услуги и примената на најсовремените протоколи при лекувањето на пациентите. Нам како идни медицинари овие посети ни се од големо значење“, споделија учениците.

Посетата на учениците од Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи” од Битола е дел од нивната наставна програма.