100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО МЕСЕЦОТ НА МЕЛАНОМОТ
16.05.2023
Клиничка болница „Аџибадем Систина“, по повод месецот на карциномот на кожа, меланом, ќе овозможи 100 бесплатни прегледи на бенки за своите пациенти. Прегледите ќе ги изведува искусен тим дерматовенеролози со помош на најсовремениот дерматоскоп Mоle Max HD, со кој се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа.

Прегледите ќе се реализираат во сабота, 20 мај 2023 година од 8 до 15 часот. Задолжително резервирајте си го вашиот термин за бесплатен дермоскопски преглед на 02 30 99 500.
Со цел да се подигне свесноста на населението за редовен и ран преглед на сомнителните бенки, оваа акција 8. година по ред традиционално се одбележува секоја година во „Аџибадем Систина“.