fbpx

8. ГОДИНА ПО РЕД, КЛИНИЧКА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНИ ДЕРМОСКОПСКИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ

20.05.2023

Месец мај е посветен на подигнување на свеста кај пациентите за рано откривање на рак на кожата. По повод месецот на меланомот, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ успешно организираше и реализираше 100 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки за своите пациенти. Со рано препознавање на сомнителните промени на кожата во најраната фаза на болеста, шансите за излекување се високи и се зголемуваат до 100 проценти, велат дерматолозите.

Slika

„Секоја година активно учествуваме во ‘Евромеланома’ – акцијата со давање бесплатни прегледи за граѓаните една сабота во мај. Оваа акција, пред сè, има превентивен карактер, но најзначаен е симболичниот аспект за алармирање за опасноста од појава на најопасниот рак на кожата  меланом и негово навремено откривање и третман. Во Kлиничка болница ‘Аџибадем Систина’ овие прегледи се прават со најсовремена техника на дигитална дермоскопија Mole max HD, со која се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа. Ако се открие навреме, големи се шансите да се постигне добар резултат на излекување и преживување“, вели проф. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог.

Slika
Slika

Оваа акција традиционално се одбележува осма година по ред на Одделот за дерматологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, како дел од меѓународната кампања „Еуромеланома“, која има за цел подигање на свеста за ракот на кожата и промовирање на практиката за рано откривање.