fbpx

Гојарт Келменди 38, Приштина

06.04.2014

Да станеш родител е најдлабокото и најсовршено чувство кое човек може да го доживее. Тоа е сонот на секое семејство, смислата на животот. Богатството не се мери по материјалното во еден дом туку по детската смеа, игра и џагор.10 години се обидувавме да го оствариме овој сон. Целиот овој период се трудевме својот заеднички живот да го крунисаме со детенце кое ќе ја зацврсти нашата љубов. Во очекувањето на најголемата радост ја доживеавме најголемата болка, го изгубивме своето чедо. 

 

Нашето прво дете беше родено со 980 грама. Бевме среќни што станавме родители. Силно верувавме дека ќе се извлече и ќе можеме силно да го гушнеме. Но, за жал, се случи најлошото. По два месеца поминати во инкубатор, тоа почина.

По шокот од смртта на првото бебе, по 4 години сопругата повторно остана бременa. За жал, како и првиот пат, радоста траеше кратко. Тоа од што најмногу се плашевме, повторно се случи. На редовен преглед докторите повторно дијагностицираа преекламсија.
Бевме преплашени, не сакавме повторно да ни се случи истото и побараме второ мислење во „Аџибадем Систина“ бидејќи слушавме многу позитивни мислења за оваа болница.

На 25 февруари 2013 година д-р Златко Палчевски ја породи мојата сопруга. Се роди мојот син со 760 грама.
Навистина немавме многу надеж на почетокот поради фактот дека на Балканот тешко може да се породат пациентки кои носат толку мали и неразвиени плодови. Очекувавме дека ќе се повтори истата ситуација од пред 4 години. Но, следејќи ја работата и посветеноста на тимот на докторите, на чело со д-р Станка Танчева Крстевска, секој ден имавме сè повеќе и повеќе надеж дека нашиот син ќе биде подобро.

Секојдневно бевме на релација Приштина – Скопје.

Поминавме многу тежок период, можеби најтешкиот во нашиот живот. Кога детето ви е во инкубатор секој ден постои огромна неизвесност. Секој ден бевме во грч дали кога ќе стигнеме во болницата докторите ќе ни кажат дека нашето дете престанало да дише. Во тој период стресот беше огромен. Но, кога првпат го земавме Ерос во раце, едноставно не сакавме да се одделиме од него. За миг заборавивме низ што сè поминавме. Вредеше да се чека за оваа прегратка. Мојот син првпат дојде дома по цели два и пол месеци, и целосно ни го разубави животот.

На 10.05.2013 дојде и долго очекуваниот миг. Момент за кој два и пол месеци се водеше тешка битка. Мојот син си дојде дома, како бебе старо 2,5 месеци и тешко 2030 грама. Ерос денеска има една годинка и тежи повеќе од 10 килограми. Секојдневно уживаме во неговата насмевка, која тој несебично ни ја подарува. Ова мало и прекрасно детенце е доказ дека во животот секоја битка носи искушенија, макотрпна борба, но наградата е непроценлива со само една негова насмевка.

На нашата радост ѝ нема крај.

Ви благодарам што постоите

Гојарт Келменди 38, Приштина

 

{backbutton}