fbpx

Д. Н. 63, Скопје

06.04.2014

 

 

 

 

 

 

 

По 40 години работа како машински инженер, на залезот од мојата кариера, на 63-годишна возраст ми се случи неочекуван пресврт во животот по кој чудо е што денеска сум сè уште жив. При работа на лифт, во еден момент платформата на која сенаоѓав почна да паѓа од висина од 10 метри. Бев свесен дека паѓам. Но, од тој миг повеќе не се сеќавам на ништо. Од падот се здобив со една од најтешките видови повреди – политраума. Во критична состојба, со брза помош бев префрлен во Ургентниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

По еден месец поминат на вештачка вентилација, по несреќата првпат се освестив на Одделот за интензивна нега. Кога се освестив веднаш се сетив на падот. Првата мисла ми беше дека сум инвалид. Никако не можев да се помирам со судбината.

Додека лежев постојано мислев дека е подобро да умрам отколку цел живот да бидам врзан за количка. На Одделот за интензивна нега лежев 4 недели. Во текот на лекувањето во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ми беа направени вкупно 9 хируршки интервенции. По 37 дена ме пуштија дома.

Со поддршката на докторите решив да не се предавам. Желбата да застанам на нозе беше посилна од повредите. По два месеца ги направив првите чекори. Успеав да станам од количка и да седнам на фотелја. Подолго време ова беше единственото движење за мене.

Тогаш најголем мотив ми беше на првата контрола да влезам во ординацијата на д-р Јордан Савески на свои нозе. И тоа се случи. Чекор по чекор, со силна волја, по три месеци рехабилитација и напорно вежбање ја остварив својата цел.
На првата контрола ги фрлив помагалата и од инает сакав да дојдам на свои нозе. Дубакот го оставив во ходник, а кај д-р Савески влегов на нозе по 3 месеци. Никој не претпоставуваше дека за кратко време ќе можам да чекорам. Беше тешко, но стиснав заби, се исправив и дадов сè од себе.

По 9 месеци повторно се вратив на работа. Одам нормално, само повеќе се заморувам од претходно. Пред несреќата имав здрав организам, спортував и бев атлетски развиен. Сега сум малку пропаднат како последица од повредата. Но, упорноста не ме напушта. Следниот чекор ми е повторно да го вратам изгледот кој го имав пред да се случи оваа незгода.

Сè што ќе кажам за болницата ќе биде излишно. Во неа работи многу добар тим на професионалци кои си ја знаат работата. Најдобар доказ за тоа сум јас. Да не беа тие денеска јас сигурно немаше да бидам тука, да го споделам чудото кое тие го направија за мене. Секогаш велам дека е попусто да имаш убава и средена болница ако немаш одличен тим. Организациски докторите се одлично поставени. „Аџибадем Систина“ поседува сè што е потребно за една болница. Мојот живот го должам на проф. Д-р Јордан Савески, д-р Митко Караѓозов, д-р Владимир Аврамовски, д-р Небојша Настов, д-р Неда Трајковска, д-р Михајло Ивановски, д-р Фросина Адамовска и целиот тим анестезиолози кои 24 часа водеа тешки битки за мојот живот. Особено сум благодарен на средно-медицинскиот персонал, луѓе кои ми дадоа мотив и волја да продолжам да се борам.

Д. Н. 63, Скопје

 

{backbutton}