fbpx

Благодарение на Д-р Драган Христов, на 89 години се грижам сама

19.07.2017

sonja kolishevska 1

Мојата „болничка историја“ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ почна пред 15 години, со редовните гинеколошки прегледи кај мојот пријател и сосед д-р Слободан Дракулевски. Од тој миг останав „верен пациент“, и за секој проблем или болест за мене постоеше само една болница. Низ текот на годините се редеа повеќе помали интервенции: една на мочниот меур кај д-р Никола Баџаков, втората на катаракта кај д-р Златко Арнаудовски и гастроскопија кај д-р Васко Василевски. На 89 години немав поголеми проблеми сè до моментот кога од невнимание паднав.

При пад го скршив колкот

Ова се случи минатата година, при излегување од банка, се сопнав пред влезот и паднав. Прва помисла ми беше да отидам на лекар. Не чувствував ништо сериозно, но, сепак, решив да се проверам. И со такси се упатив на добро позната адреса, „Аџибадем Систина“. Ми ги направија потребните снимања и на крај се утврди дека мојот пад, сепак, направил сериозен проблем, го скршив колкот.

За еден ден се направија сите испитувања

Тогаш првпат го запознав ортопедот д-р Драган Христов. Со големо внимание и посветеност ми објасни дека е потребно да се направи хируршка интервенција и колкот да се замени со протеза. Но, за поголема безбедност, пред сè поради мојата возраст, беше потребно да се направат дополнителни испитувања. За само еден ден ме испитаа и добив дозвола за операција. Веќе следниот ден д-р Драган Христов ме оперираше.

sonja kolishevska 1

Д-р Христов, одличен доктор и голем професионалец

По операцијата, следните 11 дена останав во болницата. Заздравувањето беше брзо, веќе неколку дена подоцна застанав на нозе. Задоволна сум од третманот и односот на целиот персонал во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Сите се максимално посветени на својата професија, но пред сè се љубезни и достапни.

По операцијата, следуваше рехабилитација. Прво се движев со дубак, но како поминуваше времето се чувствував сè подобро и силно за да можам и сама да се движам.

Неколку месеци подоцна јас живеам сама. Сама готвам, се движам потпрена на еден бастун, можам да се наведнам и клекнам.

На 89 години со сменет колк сè уште можам да се грижам за себе, и тоа благодарение на д-р Драган Христов. Тој е одличен доктор и голем професионалец. Toj е причината што и понатаму сум витална и се радувам на секој нов ден. 

Со нетрпение очекувам за некој месец да го прославам мојот јубилеен роденден, и да дувнам 90 свеќи на мојата роденденската торта.

Со почит,

Соња Колишевска