fbpx

Имав 97% затнување на крвните садови, но благодарение на проф. Таџер го живеам вториот живот

16.10.2017

На 58-годишна возраст Коне Антова почнала да ги чувствува првите симптоми на изнемоштеност, замор, тешко дишење и болка во градите. Најмногу ѝ пречел заморот кога се качувала по скали или мали височинки. Овие симптоми ја натерале да отиде на преглед, каде што по неколку испитувања ѝ било соопштено дека високиот крвен притисок, шеќерната болест и маснотиите си го направиле своето. Голем дел од нејзините крвни садови бил затнат, а протокот на крв намален.

„Докторот кој ме прегледуваше ми соопшти дека ситуацијата е сложена и дека е неопходна операција. Ми ставија два стента, и кога отидов на контрола по 15 дена, резулатите покажаа дека е неопходна операција. Ги разгледав опциите за лекување во приватните болници во Скопје. Пристапот што го имаа вработените во Клиничка болница ‘Аџибадем Систина’ беше поинаков од она на што бев досега научена.“ вели Коне.

Бев воодушевена од приемот на д-р Салис Таџер

Кога дојдов на Одделот за кардиохирургија бев воодушевена од фактот што ме прими лично проф. д-р Салис Таџер. Првиот впечаток кој ми го остави професорот, неговата посветеност и стручност беа клучни за мојата одлука. Му ги дадов претходните испитувања, внимателно ги разгледа и ми соопшти дека мојата ситуација е навистина сериозна, дека имам 97% затнување на крвните садови. Ми ги објасни условите за сместување, нега и заздравување. Ми предложи оперативен зафат за само неколку дена. Кога го прашав докторот кој ќе ми ја прави операцијата, бидејќи тоа ми беше многу битно, тој ми одговори „лично јас“. Ова многу ме охрабри и бев сигурна дека и покрај тоа што функционирам со само 3% од крвните садови дека сум во сигурни раце и сè ќе заврши во најдобар ред. На 26 октомври пред 6 години бев примена на Одделот за кардиохирургија. Операцијата траеше околу 6 часа. Веднаш по операцијата ме префрлија на интензивна нега, каде што бев под целосна контрола. Бев воодушевена од специјално обучен професионален тим на хирурзи, анестезиолози, кардиоперфузионисти, медицински сестри, физиотерапевти и болничари кои работат на овој оддел. Никогаш нема да заборавам каква нега и внимание добив на овој оддел.“

Успеавме заедно

Посебно сум му благодарна на професорот, кој доаѓаше на секои 3 часа, и покрај тоа што многу често му беше завршено работното време. Тивко и бесчујно доаѓаше до мојот кревет, ќе ме потапкаше по рамото, ќе се насмееше и си одеше.  Со скришна насмевка и со климање на главата ми велеше ‘Браво Коне, успеавме!’“- објаснува Коне.

По заминување од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ постојано била во контакт со д-р Таџер, кој ѝ давал совети како побрзо да закрепне.

„Сега, 6 години по операцијата, можам да кажам дека уживам во убавините на животот заедно со моите внуци. Го славиме секој нов ден. Секој ден се сеќавам на зборовите на докторот ‘Не плаши се од операција, ако сакаш да си со семејството, да бидеш здрава и жива, мораме навреме да реагираме. Јас гарантирам успех’ – беа зборовите кои ми даваа надеж дека сè ќе биде в ред“- вели баба Коне. 

[widgetkit id=83]