fbpx

ТЕЛЕМЕДИЦИНАТА ГО МЕНУВА СВЕТОТ, ОНЛАЈН КОНСУЛТАЦИИТЕ СЕ РУТИНА ВО ПРЕСТИЖНИТЕ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ

09.06.2020

Онлајн консултациите се брза, безбедна и корисна алатка за пациентите кои поради повеќе причини не се во можност физички да дојдат во контакт со докторот, а сепак да останат поврзани и координирани. На овој начин се зајакнува комуникацијата пациент-доктор, а онлајн консултациите секаде во светот се и појдовна точка за понатамошно следење на здравствената состојба на пациентите.

Онлајн консултации во болниците на здравствената групација „Аџибадем“, Турција

Оваа практика е веќе воспоставена и одлично функционира во сите болници на нашиот партнер, здравствената групација „Аџибадем“, која е дел од втората најголема групациjа на болници во светот (IHH), каде исто така се спроведуваат онлајн консултации. Услугата „Acibadem Online“ е воведена од почетокот на прогласувањето на епидемијата со коронавирусот и преку неа на брз и безбеден начин  медицинскиот тим на „Аџибадем“ стана достапен за илјадници пациенти од целиот свет.

turcija slika

Топ десетте болници во светот преку онлајн консултации поблиску до пациентите  

Болниците кои престижниот магазин Newsweek и Statista Inc., компанија за глобални истражувања на пазарот, ги рангираа за топ 10 светски медицински центри ја користат оваа услуга. Mayo clinic (САД), Cleveland Clinic (САД), The Johns Hopkins Hospital (САД), Hospital Charité – Universitätsmedizin Berlin (Германија), Singapore General Hospital (Сингапур), Sheba Medical Center (Израел) се дел од болниците кои на овој начин секојдневно се поврзуваат со пациентите.

На пример, Cleveland Clinic нуди комплетна онлајн платформа преку која пациентите  можат да закажат онлајн средба со бараниот доктор, да побараат второ мислење за нивната дијагноза и да имаат пристап до нивните медицински извештаи. Болницата нуди и онлајн консултации поврзани со коронавирусот, во вид на информации и поддршка за своите пациенти.

Прворангираната болница во светот, Mayo clinic, покрај стандардните онлајн консултации, како дополнителна заштитна мерка од коронавирусот воведе и онлајн средба  за секој пациент кој има закажано преглед во болницата. Преку онлајн средбата на пациентот му се поставува епидемиолошки прашалник за коронавирусот и му се даваат инструкции за социјална дистанца и заштита за време на посетата на болницата.

Онлајн консултации достапни и  во „Аџибадем Систина“

Следејќи ги светските трендови и сè поголемата потреба медицинските услуги да бидат што подостапни до пациентите, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе можност за онлајн консултации со дел од медицинскиот тим. Консултациите траат 20 минути, по што секој пациент на претходно посочена електронска пошта од негова страна, добива соодветен лекарски извештај за здравствената состојба. За закажување на онлајн консултации потребно е да се јавите во Контакт-центарот на болницата на 02/30 99 500 каде ќе добиете детални информации за услугата.

Епидемијата со коронавирусот го зголеми бројот на онлајн консултации глобално

Коронавирусот предизвика драстични промени во функционирањето на целиот систем, вклучувајќи ги и болниците кои се на првата борбена линија. Во овој период, онлајн консултациите беа првиот начин како пациентите да дојдат до своите доктори, без да имаат потреба да дојдат во болницата и да избегнат контакти. Истражувањата покажуваат дека во овој период драстично се зголемил бројот на онлајн консултации, а пациентите повеќе го преферирале овој начин на комуникација бидејќи се чувствуваат побезбедни и сигурни.