fbpx

„Аџибадем Систина“ со исполнети капацитети за тестирање, процентот на позитивни помеѓу 7-8%

09.06.2020

Acibadem Sistina OrkaHolding

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како единствена здравствена установа која врши три вида на тестирање за детекција на вирусот Ковид- 19 значително придонесува во зајакнување на капацитетите за тестирање во земјата.

Актуелната ситуација и зголемувањето на бројот на случаи само дополнително ги исполнуваат термините за тестирање во болницата. Покрај тестирањата во Болницата, целосно опремени мобилни екипи на Аџибадем Систина секојдневно вршат и мобилно тестирање на терен на барање на компаниите и институциите.

Капацитети за тестирање во Болницата се секојдневно исполнети, бројот на дневни тестирања во Болницата редовно достигнува 100.

Досега, од почетокот на тестирањето во Аџибадем Систина се направени над 10.000 брзи, серолошки тестови со кои се утврдува присуство на антитела (IgM и IgG) на вирусот и повеќе од 2.500 PCR,  молекуларни тестови за детекција на присуство на вирусот на лица кои следствено епидемиолошката анкета биле суспектни на Ковид-19.

Процентот на позитивни резултати од направените PCR, молекуларни тестови на почетокот бил помеѓу 4-5% додека сега, процентот на позитивни резултати од направените PCR, молекуларни тестови е зголемен и се движи помеѓу 7-8%.

На терен, мобилните екипи на Аџибадем Систина активно работат и досега имаат направено над 500 тестирања во повеќе од 10 компании. Исто така, повеќе од 450 лица кои биле сместени во 7 различни хотели кои функционираа како државни карантини се тестирани од мобилните екипи на Аџибадем Систина. Со цел македонските фудбалски тимови побрзо да се вратат на терените, Аџибадем Систина во соработка со Синдикатот на фудбалери на Македонија изврши тестирање на фудбалерите, стручниот штав и раководството на 10 македонски фудбалски тимови од прва лига и направи повеќе од 300 тестови. Овие тестови беа направени на барање на Синдикатот на фудбалери на Македонија кој болницата меѓудругото ја одбрал и поради тоа што зад неа стои здравствената групација „Аџибадем“, која воедно е и официјалниот лиценциран FIFA медицински центар во Истанбул.

Од овој т.н скрининг на лицата кој беше извршен на барање на повеќе институции, фирми, фудбалски клубови процентот на позитивни резултати од сите направени тестови е 1%.

Сите три вида на тестови, PCR молекуларен тест кој детектира присуство на коронавирусот (Sars-Co-2), брзиот молекуларен тест за присуство на вирусот Sars-CoV-2 чиј резултат се добива за само 60 минути и Rapid тестот – брз серолошки тест за присуство на антитела на вирусот се вршат според светски признаени стандарди со сите безбедности протоколи и даваат брзи и прецизни резултати.

Аџибадем Систина, работејќи во корист на јавното здравје со цел да придонесе во брзото и рано откривање на вирусот како и спречување на неговото ширење нуди и пакет  за тестирање во кој се вклучени два теста – PCR молекуларен тест за присуство на вирусот и брз серолошки тест за детекција на антитела (IgM и IgG).

Оваа комбинација на тестови ја дава вистинската, права слика за статусот на еден човек во врска со вирусот, односно на овој начин успешно се детектира и негов претходен контакт со вирусот и евентуално присуство во моментот.