fbpx

ПРОФ. Д-Р НИКОЛИЌ ГО ВРАЌА ПРОФЕСОРОТ ОРОВЧАНЕЦ НАЗАД НА СВОЕТО ХОБИ, НА ПЛАНИНИТЕ

12.06.2020

Професор д-р Никола Оровчанец е поранешен епидемиолог. Сега има 70 години, а голем дел од својот работен век бил професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Ги сака и планините и живее за нив – на падините е свој. Секој чекор таму му е нов импулс, нов дел од животот. Сега има нов – по извршена операција на срцето во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има нова надеж. Да, моментно се чувствува одлично, а за тоа заслужен е кардиохируршкиот тим специјалисти од „Аџибадем Систина“, секако на чело со проф. д-р Александар Николиќ. За докторот првпат дознал пред извесно време, а знаел дека ќе му помогне кога во самото списание кое се подготвува на клиниката прочитал сторија за проблем сличен на неговиот, а успешно решен во „Аџибадем Систина“.

orovcanec
 

ПО ОПЕРАЦИЈАТА, ЗА ТРИ ДЕНА ДОМА

„Тоа беше една успешна сторија за Црногорец кој бил излекуван овде. Му помогнал проф. д-р Николиќ“, ја почнува својата приказна д-р Оровчанец. А таа, односно неговиот проблем почнува кога Оровчанец имал само 14 години. Прележал рецидив со бактериска инфекција која го напаѓа срцето. Се развила стеноза на срцевиот залисток по што требало да престане да се занимава со физичка активност. Но самиот никогаш не сакал да се откаже и не го направил тоа. Почнал да тренира фудбал и кошарка, и играл и покрај срцевата мана. Подоцна почнал и да планинари, љубов која трае сè уште – со годините дури станувала и сè поголема. Сепак, пред извесно време се уверил дека тоа мора да се реши. Имено, последниот пат кога бил на Водно, а една недела пред да дојде кај проф. д-р Николиќ, д-р Оровчанец изгубил свест. Охрабрен од позитивните искуства, сега вели дека воопшто и не се сомневал во позитивниот исход. Сега е пресреќен. „Паднав во несвест и тоа траеше 15 секунди. Не се вратив пеш туку со жичницата. Потоа веднаш отидов да направам кардиолошки преглед. Дојдов кај проф. д-р Николиќ и имавме многу срдечен муабет. Професорот ми кажа дека треба да се стави механичка валвула. Се договоривме, па по предлог на д-р Николиќ, направена е коронографија кај д-р Жарко Христовски. Проф. д-р Николиќ ме оперираше на 7 октомври. Третиот ден по операцијата станав и направив два чекора. За шест дена почнав да се движам и ме пуштија дома“, раскажува д-р Ороваченц. По операцијата, заздравувањето напредувало многу брзо. Секој ден бил сè подобар и правел прошетки со кучето секојдневно по еден час. Не чувствувал замор. „А пред операцијата кога го прашав докторот ми рече дека треба да чекам еден месец. Но јас порано закрепнав. По четири месеци можам да кажам дека се чувствувам одлично“, вели д-р Ороваченец.

НАЗАД НА ПЛАНИНИТЕ

И покрај добриот исход, она што му недостигало сепак биле планините, спортот. Клучната дилема била дали ќе го служи валвулата и на физички оптоварувања. Проф. д-р Николиќ сметал дека професорот е сосем здрав за да продолжи со физичката активност и по операцијата. Сега тоа е реалност. „Планинарам 36 години. Сум одел до 3.000 метри без проблем. Сега повторно го правам тоа. За тоа секако е заслужен проф. д-р Николиќ. И нема потреба од овие зборови. Ниту, пак, му е потребна промоција. Неговите дела зборуваат за него. Тој е виртуоз. Постоперативно немам никаков замор. Го шетам кучето, имам сила и уживам“, вели д-р Оровчанец. Додава и дека запознал многу професионалци во „Аџибадем Систина“ – секој во својата област и за својата работа.

orovcanec
 

ПРОФ. Д-Р НИКОЛИЌ ЗАДОВОЛЕН

Задоволството секој нов пат, по секоја нова операција е и кај проф. д-р Николиќ. Тој вели дека кај професор Оровчанец дијагностицирал стеноза на аортната валвула, што е честа болест кај постарите луѓе. „По дијагнозата, разговаравме за можностите. Зборуваме за методата за замена на нативната аортна валвула со биолошка валвула, која се применува кај пациенти кои се многу постари. Сепак, професорот е во добра кондиција и биолошки изгледа 10 години помлад, па се одлучивме за таа метода, односно замена со механичка валвула. Интервенцијата се изведува за три часа. Кај него ја направивме со класичен метод, односно го отворивме целиот граден кош. Ги отстранивме калфицикатите од аортните залистоци кои беа таму и комплетно ја заменивме валвулата“, вели проф. д-р Николиќ. Тврди дека пред Оровчанец се многу години живот. Професорот, дециден е проф. д-р Николиќ, слободно може да се врати на своето хоби. „Може слободно да се искачува на планините кои ги сака. Секако не мислам на Хималаите“, додава проф. д-р Николиќ.