fbpx

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: СПРАВУВАЊЕ СО ЗЕМЈОТРЕС И ПОЖАР ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО КОРОНАВИРУС

04.09.2020

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа симулациска вежба на тема “Згрижување и евакуација на болни, повредени, посетители и персонал на безбедно место, прва медицинска помош и противпожарна заштита при земјотрес во услови на пандемија со СОVID -19.“

Целта на вежбата беше да се провери нивото на обученост на персоналот за справување со последици од пожар и земјотрес, евакуација по настаната штета, како и подготвеноста за взаемното делување со останати надворешни субјекти од системот за заштита и спасување.

Вежбата беше успешно изведена, во согласност со стандардите за постапување во  услови на вонредни состојбии и сите препорачани протоколи за превенција и заштита во услови на пандемија со коронавирусот во болнички услови, како и според  упатството за постапка и делување со преземање на заштитини мерки со COVID-19 на републичките сили за заштита и спасување и тимовите за брз одговор, просторните сили за време на нивно ангажирање во услови на мир и вонредна состојба, обука, тренинг и вежби.

IMG
 

Целокупната вежба и евакуација на СОVID пациенти се изведе со соодветна заштитна облека, согласно стандардите за управување со лични мерки за заштита во услови на пандемија со COVID-19  за медицински лица (скафандери, заштитни маски, респиратор маски, заштитни капи, заштитни ракавици, заштитен визир и друго), како и лична заштитна опрема за немедицинските лица согласно стандардите на болницата.

Евакуираните пациенти со Ковид-19 беа сместени во посебен шатор (СИНА зона) на безбедно растојание од останатите шатори од тријажната зона, обезбеден со строго контролиран пристап.

„Вработените одговорија на предизвикот и можеме да потврдиме дека вежбата помина одлично. Ова е веќе осма година како спроведуваме симулациски вежби и благодарение на досегашното искуство потврдуваме дека опремата што ја имаме и обученоста на персоналот даваат гаранција за успешно справување при евентуално настаната вонредна состојба.

IMG
 

Годинава, вежбата е специфична и комплексна, по тоа што се изведува во услови на пандемија со коронавирус, што претставуваше уште еден предизвик при самата организација и реализација на вежбата. Внимававме на секоја поединост со цел да бидат запазени сите безбедносни мерки“ изјавија Милена Буџаровска, менаџер за квалитет и  Марјанчо Јаневски,  командир на единицата за заштита и спасување во „Аџибадем Систина“

Во вежбата беа вклучени над 150 вработени од болницата, а се спроведе со учество на екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и единица на противпожарната екипа на град Скопје.