fbpx

ПРОФ. Д-Р ГЛИГОР ДИМИТРОВ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ПРЕД СТУДЕНТИТЕ НА МЕДИЦИНА

24.11.2022

Проф. д-р Глигор Димитров од Одделот за гинекологија, акушерство и стерилитет при Клиничка болница „Аџибадем Систина“ одржа предавање на тема „Модерни техники на асистирана репродукција, сурогатство – сегашност и иднина“. Предавањето беше организирано од страна на двете студентски организации на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а со поддршка на Македонското лекарско друштво. Предавањата предизвикаа особен интерес кај идните доктори, студенти од двата медицински универзитети, кои со многу прашања, дилеми и интересна дискусија го поздравија несебичното споделување на знаењето од страна на проф. Димитров.

dimitrov