ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ ОД ОБЛАСТА НА ОРТОПЕДСКАТА ХИРУРГИЈА
03.12.2022
Викендов во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се одржа предавање од областа на ортопедската хирургија од страна на еминентните хирурзи проф. д-р Филип Шетле oд Германија и доктор Борис Поберај, Словенија.
Темите што беа презентирани од страна на овие искусни и докажани доктори наидоа на голем интерес и богата дебата.
Проф. д-р Шетле зборуваше на тема „Модерен третман на нестабилна патела”, додека доктор Поберај се посвети на модерниот концепт во третманот на големи ротатор-каф дефекти.
На присутните гости добредојде им посака модераторот и организатор на настанот д-р Борислав Илиев, специјалист по ортопедија.