fbpx

ПРОДОЛЖУВА ГРИЖАТА ЗА ОПШТЕСТВО: „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ДОНАЦИЈА ЗА ПРИЛЕПСКОТО УЧИЛИШТЕ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

09.03.2020

IMG

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ донираше компјутери и компјутерска опрема за ООУ „Кирил и Методиј” во прилепското селото Канатларци. Ни претставува чест и задоволство што придонесуваме кон унапредување на образовниот процес и помагаме онаму каде што е најпотребно. Досега дониравме над 100 компјутери во три основни училишта.

Наставникот Ферди Булут, кој во име на ООУ „Кирил и Методиј“ ја прими донацијата, упати огромна благодарност до менаџментот на „Аџибадем Систина“ за донацијата, со која, како што вели, значително ќе го подобри квалитетот во наставната програма пред сè на часовите по информатика.

„Донираната компјутерска опрема ќе биде наменета за часовите по информатика, бидејќи до сега немавме компјутери, односно беа нефункционални. Благодарение на донацијата од болницата ‘Аџибадем Систина’ учениците ќе можат да имаат квалитетна настава по информатика, но компјутерите ќе ги користиме и за настава по другите предмети. Овие 33 компјутери и монитори кои ги добивме како донација ќе бидат доволни да опремиме две училници“, посочи Ферди Булут, потенцирајќи дека во училиштето се образуваат 208 ученици, а наставата се изведува на македонски и турски јазик.

Претходно Клиничката болница „Аџибадем Систина“ донираше компјутери и компјутерска опрема и во основните училишта „Мустафа Кемал Ататурк“ во општина Студеничани и „Али Фетхи Окјар“ во општината Долнени. Како општествено одговорна компанија која во континуитет дава придонес за подобрување на општествениот развој, болницата „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи со донации и спонзорства кои обезбедуваат поквалитетен живот за граѓаните.