fbpx

БУКВАР НА ЗДРАВЈЕТО – НОВ ПРОЕКТ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЗДРАВО ОПШТЕСТВО

04.03.2020

bukvar na zdravjeto

Со нов концепт, преку кратки видеа, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го зголемува своето присуство во јавноста, но уште поважно, оди чекор напред во својата мисија да биде достапна за граѓаните, да ја подигне јавната свест за здравјето. Станува збор за проектот „Буквар на здравјето“, во кој низ 24 видеа, секое со различна тема, се обработуваат најчестите болести на пациентите. Видеата се кратки, но анимирани и на едноставен начин нудат основни информации за теми кои се важни за граѓаните. Грип, алергии, висок крвен притисок, се почетните теми, но во текот на годината ќе бидат опфатени и многу други прашања.

Концептот е своевиден новитет во доближувањето на болницата до граѓаните, имајќи предвид дека се обраќа до нив преку социјалните мрежи. Комуникацијата на интернет е важна, се разбира многу позначајно е што на ваков начин, уште еднаш, „Аџибадем Систина“ докажува дека е болница одговорна за здраво општество и здрави граѓани.

Видеата се, сепак, комплетно стручни и изработени со помош на докторите специјалисти кои имаат активно учество во проектот. Во видеата впрочем за секоја тема зборува и некој од специјалистите за таа област.

Првото видео кое веќе е продуцирано и објавено се однесуваше на темата грип и имаше сериозен одглас во јавноста.