fbpx

ПО ЧЕТИРИ БАЈПАСА, 57-ГОДИШНИОТ ТРАЈКОВСКИ ОСВОИ ТРИ ТУРНИРА ВО ТЕНИС

26.09.2022

Тенисот веќе пет децении е негова најголема љубов, а бездруго тоа така ќе остане и во иднина, и покрај операцијата на срце. Адвокатот Петар Трајковски има 57 години и сè уште е најсреќен на тениските терени. Таму е свој, реализиран, исполнет. Пред неколку месеци можеби и помислил дека на ова треба да му дојде крајот кога случајно дознал дека има сериозен проблем со срцето и дека е потребна итна хируршка интервенција. Трајковски направил рутински преглед пред турнирот на кој било утврдено дека е потребно да се направи коронарографија. Негов пријател, кардиолог доктор, му предложил да го побара проф. д-р Александар Николиќ од клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Nikolik

„Кај професорот дојдов по препорака од друг доктор и се потврди дека тоа било правилно. Oперацијата беше успешна, јас се чувствувам како прероден. Претходно не чувствував ништо, немав проблеми и играв на два турнира паралелно. Еден ден, пред да заминам на пат, замолив да ме прегледа доктор за да види дали сум подготвен за следен турнир. Но, резултатите не беа добри, па докторот рече дека треба да се направи итен детален преглед. Мора да кажам дека сум имал некои симптоми и болки кои секако биле сигнали дека нешто не е во ред. Јас се прашував дали заморот ми е од неуморното играње, како што мислев, но излезе дека тоа не е така. Сега се чувствувам како нов. По операцијата такви болки веќе нема“, вели Петар Трајковски, пациент.

ОДЛУКА ЗА БРЗА ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Всушност, она што го чувствувал Трајковски биле болки во градите и во грбот, но по неколку тренинзи и натпревари, сметал дека тоа не е нешто невообичаено. Доста е активен, па пред да се случи дијагнозата, имал одиграно 15 тениски натпревари. Мислел дека неговото тело е уморно, но не било така. По средбата и прегледот со проф. д-р Александар Николиќ, било утврдено дека е потребна итна хируршка интервенција. Докторот утврдил дека треба да се стават четири коронарни артериски бајпаси.

57-ГОДИШНИОТ ТРАЈКОВСКИ ОСВОИ ТРИ ТУРНИРА ВО ТЕНИС ПО ЧЕТИРИ БАЈПАСА

 „Кога дојде пациентот, му објаснивме за неговата здравствена состојба и потребата за хируршка интервенција. Ставивме четири бајпаси. Трајковски дојде во ургентна состојба со болки, во значително лоша состојба, па интервенцијата беше неопходна. Секогаш кога станува збор за млади пациенти, како и во овој случај, одиме на варијанта да ставиме артериски бајпаса. Интервенцијата помина одлично“, вели проф. д-р Николиќ, кардиохирург.

СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО НОВ, КАКО СЕГА ДА СЕ РОДИВ

Рехабилитацијата се одвивала одлично, 57-годишниот Трајковски бргу закрепнувал по интервенцијата. Поминал неколку дена во болничката соба во „Аџибадем Систина“, а сега вели дека е презадоволен од третманот на целиот медицински персонал. Сведочи дека сите постојано се грижеле за него. „Моето искуство со ‘Аџибадем Систина’ е одлично, навистина имам само убави зборови за целиот тим. Знаете, не е важно само на пациентите да им се даде комфор туку да има и одличен тим, како што е случај со вашата болница. Станува збор за одлични доктори и сестри. Сега се чувствувам како нов, како сега да се родив. Му благодарам на проф. д-р Николиќ за тоа што го реши мојот проблем“, вели Трајковски.

НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ ТРОФЕИ

Потврда дека операцијата го надминала проблемот се трите нови трофеи кои ги освоил на неколку тениски турнири по операцијата. Петар Трајковски продолжил да тренира и да се натпреварува со иста динамика, како и претходно, пред операцијата. Вели дека проблемот го оставил зад себе како сеќавање кое има успешен крај. Затоа, како што вели, моментно четирите бајпаси за него не се никаква пречка за да продолжи да се занимава со своето хоби, неговата најголема љубов. Сепак, сега е само повнимателен, па на својот часовник го гледа ритамот на срцето, па ако забележи дека работи побргу, намалува со темпото на игра. Професорот Николиќ вели дека примерот на Трајковски е вистинска потврда и покажува дека кај пациентите кај кои е направен бајпас, квалитетот на живот не се менува. Тие можат да продолжат со истото темпо на живеење. Да работат и да се занимаваат активно со спорт, секако во координација со докторот. „Никој не треба да претерува, па така и Трајковски. Тој може да тренира, да оди на полесни турнири, но да не се измачува дека мора да победи“, додава проф. д-р Николиќ.