БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА НИВОТО НА ШЕЌЕР ВО КРВТА
01.10.2022
Во светот многу луѓе страдаат од преддијабетесна состојба, но поради отсуство на симптомите не се свесни за тоа. Не дозволувајте преддијабетесот да се претвори во дијабетес. Сè уште има време да ги смените животните навики со кои ќе го намалите прогресирањето на дијабетесот, па дури и ќе ја спречите неговата појава.

За таа цел, викендов, нашиот медицински тим во соработка со „Жито лукс“ бесплатно го мереше нивото на шеќер во крвта во „Веро џамбо“.
