fbpx

НАД 200 КРВНИ ЕДИНИЦИ ДАРУВАНИ ВО КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

14.03.2023

На 9 и 13 март Клиничка болница „Аџибадем Систина“, во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, реализираше две крводарителски акции. За време на дводневната акција беа дарувани 212 единици крв. Учеството на повеќе од 200 вработени, меѓу кои беа и претставниците на менаџментот, е силен доказ за хуманоста и желбата да се дарува крв за да се спаси живот. Со силни пораки вработените ги мотивираа своите колеги масовно да се вклучат во следните акции. „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да биде општествено одговорна компанија која ќе учествува во повеќе крводарителски акции и хуманитарни настани.

krvodariteli

Првата крводарителска акција во нашата болница беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ е особено горда на своите традиционални крводарители, кои досега дарувале крв повеќекратно.