fbpx

Ви благодарам за грижата за мојот Мартин

21.06.2017

6-годишниот Мартин Јанев пред 5 дена бил примен на педијатрискиот стационар. Неговата мајка Љубица ни раскажа дека неколку дена Мартин  воопшто не консумирал храна и вода, и имал чести дијареи и повраќања, почнал да губи сила, дехидрирал и комплетно изнемоштел.

„Со брзање го донесовме во ‘Аџибадем Систина’. Нè пречека д-р Анета Демерџиевa и веднаш ни назначи кои испитувања треба да се направат. За среќа, во ‘Аџибадем Систина’ времето на реакција е толку брзо што дополнително ти дава сигурност и доверба. Докторите веднаш реагираа и сега сум спокојна дека Мартин е повторно здраво и среќно дете“, вели Љубица.

По само неколку дена, насмевката и силата кај малиот Мартин почнаа да се враќаат. Повторно беше истиот Мартин од пред некое време. Го снема стравот и солзите на неговото лице, но и загриженоста на родителите.

„Им благодариме на целиот тим на Одделот за педијатрија и на д-р Демерџиева за брзата реакција, професионалноста и посветеноста кај најмалите пациенти. Овие вработени ја враќаат насмевката и кај дечињата, но и кај родителите бидејќи здраво дете значи среќен родител. Тука сите беа навистина прекрасни, од доктори до медицински сестри, хигиеничари. Храната, исто така, беше одлична, а хигиената на највисоко ниво“ – објасни Љубица, мајка на Мартин.

„Летното време е период кога се чести цревните вирусни и бактериски инфекции. Честопати децата ги поминуваат без поголеми компликации, во домашни услови, но ги следат нашите препораки и доаѓаат на контрола. Конкретно, состојбата кај Мартин бараше болнички престој, заради честите течни столици и повраќања, кои многу брзо доведуваат до дехидратација. По 5-дневниот престој, Мартин комплетно заздраве и го пуштивме да си оди дома“, изјави д-р Анета Демерџиева.