fbpx

ИЗВЕСТУВАЊЕ

05.01.2022

Почитувани пациенти,

Ве известуваме дека поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот, од среда, 05.1.2022 година, амбулантите на Инфективниот оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе работат и во втора смена, односно од 09:00 до 19:00 часот.

Со работењето во две смени, болницата и стручниот персонал целосно се ставаат на располагање на пациентите и излегуваат во пресрет на зголемените потреби за амбулантските услуги.

За време на празниците и викендот, односно од 06.01 до 09.01 (четврток, петок, сабота и недела) ковид –центарот за тестирање ќе работи со редовно работно време од 08:00 до 17:00 часот.

Дополнително, ве известуваме дека сите други амбуланти на другите оддели во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ в среда (05.01.2022) ќе работат од 8 до 17 часот. Во деновите за време на божиќните празници и претстојниот викенд прием на пациенти ќе се реализира преку Ургентниот центар, кој функционира 24 часа.