fbpx

ЗА БЕБИЊАТА РОДЕНИ НА БОЖИЌ – ПОДАРОК ЦВЕЌИЊА НА МИРОТ, РАДОСТА И ЉУБОВТA

10.01.2022

Познатиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин, кој своето речиси целокупно творештво му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, денес ги израдува родилките во „Аџибадем Систина“ кои се породија за време на божиќните празници.

Цвеќиња на мирот, радоста и љубовта, како што ги нарекува сликарот Цветин, беа насликани за сите новороденчиња кои во моментот се наоѓаат на Одделот за неонатална нега. Ова е втора година по ред како сликарот Цветин за време на Божиќните празници ја посетува Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Ваквиот чин е дел од поголема акција со која сликарот и хуманист им го разубавува Божиќ на мајките ширум болниците низ земјава.