fbpx

ФУДБАЛЕРОТ ТИХОМИР КОСТАДИНОВ УСПЕШНO OПЕРИРАН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

26.08.2020

Тихомир Костадинов, македонскиот репрезентативен фудбалер кој игра за словачкиот прволигаш „Ружомберок“ во Словачка заминува дома по успешно изведената интервенција на менискусот на левото колено. Операцијата ја изведе д-р Михајло Ивановски, трауматолог зад кој стојат низа успешни интервенции кај професионални спортисти.

„Станува збор за рутинска интервенција, која во нашата болница се изведува со минимално инвазивна технологија. Операцијата помина во најдобар ред. Сега на Тихомир му претстои период на рехабилитација, а наша цел е што е можно поскоро да се врати на терените“ вели д-р Ивановски.

fudbalwer
 

Младиот Костадинов се одлучил за  д-р Ивановски и за болницата „Аџибадем Систина“ по препорака од голем број спортисти и спортски работници.

„Имав силна доверба во стручноста на д-р Ивановски, и затоа и се одлучив да дојдам во „Аџибадем Систина“. За време на престојот во болницата се уверив во професионалноста на целиот персонал, а условите тука се навистина одлични. Позитивно искуство имав и со физиотерапевтите Бојан Цаневски и Бојан Силјаноски кои и во следниов период ќе се потрудат повторно да се вратам во форма“ вели младиот фудбалер.

fudbaler
 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е прв избор на професионалните спортисти кога станува збор за третман на спортски повреди и нивна рехабилитација. Болницата располага со искусен тим и најсовремена опрема за физикална терапија и рехабилитација. Од големо значење за рехабилитацијата на спортските повреди е и хидротерапијата, која единствено се спроведува во „Аџибадем Систина“ а има низа бенефити за брзо заздравување на повредите и враќање на спортистите во игра.

 

fudbaler