fbpx

Седма крводарителска акција во „Аџибадем Систина“ – дарувани 40 крвни единици

31.08.2020
Во време на пандемија од коронавирус уште еднаш се покажа несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот и помошниот персонал во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 40 вработени денеска даруваа крв на седмата крводарителска акција.

Како за време на претходните, така и на оваа акција се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот. Заради запазување на социјалната дистанца, крводарителите беа поделени во повеќе групи и задолжително носеа лична заштита.

Крводарителската акција беше организирана од страна на вработените во „Аџибадем Систина“, Институтот за трансфузиона медицина во координација со општинската организација на Црвен крст – Карпош.

Поради зголемената потреба од крв во услови на коронавирус, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ до крајот на годината најавува нови крводарителски акции. Со денешното дарување вработените во „Аџибадем Систина“ годинава даруваа над 450 крвни единици.