fbpx

Хуманоста на дело, нова крводарителска акција во „Аџибадем Систина“

21.08.2020

Поради зголемените потреби на крв во време на пандемија од коронавирус, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се организираше шестата вонредна крводарителска акција годинава.

За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот. Крводарителите беа поделени во повеќе групи со цел одржување физичко растојание и задолжително носеа лична заштита.

Во оваа крводарителска акција беа дарувани 64 единици крв, а поради големиот интерес и одзив од страна на вработените во „Аџибадем Систина“, Институтот за трансфузиона медицина во координација со општинската организација на Црвен крст – Карпош најави уште една акција, која ќе се реализира на 31 август.

Со денешната акција, за оваа година, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ досега се дарувани повеќе 400 крвни единици.