fbpx

ДОЦ. Д-Р ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ СО ПРЕДАВАЊЕ НА СИМПОЗИУМОТ „АЏИБАДЕМ ДЕНОВИ НА СРЦЕТО“

03.10.2022

Доц. д-р Владимир Чадиковски, единствениот детски кардиохирург во земјава, викендов со својот тим од Детска кардиохирургија, присуствуваше на III симпозиум на „Аџибадем денови на срцето“ кој се одржа во болницата Аџибадем Алтунизаде, Р Турција. Симпозиумот беше посветен на напредокот во кардиоваскуларната хирургија, а д-р Чадиковски во своето предавање на тема „10 години од основање на Детска кардиохирургија“ истакна дека најголем трофеј за него се 700 спасени детски животи. Покрај предавањето, тој беше и член на научниот комитет на симпозиумот.

Над 150 доктори беа дел од интерактивните сесии, сеопфатни презентации и панел-дискусии во кои беа опфатени сите неодамнешни достигнувања во кардиоваскуларната хирургија, вклучително и роботската хирургија, поправка на срцеви залистоци, минимално инвазивни операции на срцето, васкуларни интервенции, компјутерско асистирано КТ и МР снимање, како и напредни апликации што се користат при интензивната нега.

Cadikovski

Почесен гостин на настанот беше професорот Сир Магди Јакуб, најпознатиот кардиохирург во светот.