fbpx

ПРОФ. Д-Р ПЕТРОВ И Д-Р ПЉАКОСКА СО СВОИ ПРЕДАВАЊА НА VII КОНГРЕС НА ДЕРМАТОЛОЗИ

04.10.2022

Во организација на Здружението на дерматовенеролози, чиј претседател е проф. д-р Андреј Петров од „Аџибадем Систина“, од 28 септември до 2 октомври во Охрид се одржа VII конгрес на дерматолози.

prof petrov


Со свои предавања пред присутните 300 дерматолози од земјава, регионот и Европа се претставија околу 50 предавачи. Дел од темите што предизвикаа голем интерес кај присутните беа новитетите во дерматологијата, онколошката дерматологија, како и влијанието на ковид-19 врз кожата.
Тимот од нашата болница се претстави со темата „Комбинација на различни естетски третмани во дерматологијата – комплицирање или неопходност“, презентирана од проф. д-р Андреј Петров, додека д-р Весна Пљакоска зборуваше на тема „Тераписки модалитети и искуства со CO2 ласер во терапија на аногенитални брадавици“.

prof petrov


Овој конгрес е еден од најпрестижните конгреси на кој присуствува значаен број доктори и на кој се разменуваат нови и иновативни решенија во дерматовенерологијата.