fbpx

ДОКТОРИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НА РЕГИОНАЛЕН СИМПОЗИУМ „ХПВ-ИНФЕКЦИЈА И АСОЦИРАНИ БОЛЕСТИ“

05.12.2022

Од 25 до 27 ноември во Струга се одржа првиот регионален симпозиум „ХПВ-инфекција и асоцирани болести“ во организација на Македонското здружение за хуман папилома вирус и Македонското здружение за сексуално преносливи болести.

Настанот го модерираше д-р Весна Пљакоска, специјалист по дерматовенерологија во „Аџибадем Систина“ и претседател на македонското Здружение за сексуално преносливи болести. Над 50 предавачи од Македонија и регионот ги презентираа своите теми и излагања на симпозиумот, а беше следен од над 240 учесници. Претставници предавачи од Клиничка болница „Аџибадем Систина“ беа: д-р Весна Пљакоска, проф. д-р Андреј Петров, проф. д-р Џингис Јашар, доц. д-р Катерина Кубелка Сабит, доц. д-р Корнелија Трајкова, д-р Ирена Шуплиновска, д-р Биљана Ќурчиќ и м-р Ана Антовска.

slika plajalk


Првиот ден беше посветен на микробиолошкиот аспект на инфекциите со ХПВ и нивниот третман, ХПВ- патологија и имунологија, симптомите за препознавање и секако, од пресудно значење за успешен третман – како да се препознае и лекува од самиот почеток. Вториот ден на симпозиумот беше посветен на глобалното значење на проблематиката, но и на искуствата од третманот на ХПВ кај ранливи групи население и имунизација, како и за важноста на навремената и масовна вакцинација на женската популација од најранливите групи.