fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО СВОИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО НОВОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА

12.12.2022

На 10 декември во Скопје се одржа првата стручна средба на новоформираното Македонско здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега (МЗМСАРИН). Здружението е професионално, национално, неполитичко, доброволно и независно, а формирано со цел да ги обедини сите медицински сестри/техничари кои работат на одделите за анестезија, реанимација и интензивна нега од сите државни и приватни медицински установи во Македонија.

NASLOVNA

Основоположници на здружението се пет медицински сестри, кои својата идеја во рок од неколку месеци ја реализираа со прв стручен собир на кој се споделија плановите и целите на МЗМСАРИН за наредниот период.

ZDRUZENIE

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ има две медицински сестри во Управниот одбор на здружението и покрај претседателката Јулијана Казанџиска, потпретседателката Билјана Момчиловиќ и Љубица Спирковска, дел од основачкиот тим се и одговорната сестра на Одделот за анестезија во „Аџибадем Систина“, Марина Николоска и медицинската сестра за едукации и обуки, Андроники Бибовска.

AS ZDRUZENIE

На стручната средба присуствуваше и претседателката на Здружението на лекари по анестезија, реанимација и интензивно лекување доц. д-р Весна Дурнев, која имаше свое излагање на стручна тема и повика на заемна соработка помеѓу двете здруженија. На настанот беа присутни и голем број колешки и колеги од нашата болница, покажувајќи огромен интерес за натамошните активности во здружението.

ZDR