fbpx

ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗДРАВСТВЕН ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

05.04.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ прославува девет години од своето постоење. Првата приватна клиничка болница во Македонија во речиси еднодецениската работа постави нови стандарди во здравствениот систем во државата, застана на лидерската позиција во регионот, донесе пионерски и револуционерни зафати, го етаблира своето име на светската мапа на врвни здравствени институции.

„Да се биде девет години на врвот, да се прават визионерски чекори секоја година, да се поместуваат границите на она што Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ го прави секојдневно во однос на персонал, техника, обука и практика – воопшто не е лесна работа. Треба да се гледа далеку, да се биде упорен, да се истрае на патот и, пред сè, треба да се сака тоа што се работи. Овие атрибути се карактеристика и секојдневие за сите наши преку 950 вработени. И затоа постојано сме на врвот и затоа континуирано постигнуваме успеси!”, вели д-р Јана Марин, директор на болницата и член на бордот на директори на КБ „Аџибадем Систина”.

Што направивме во последната година? Ова се само некои од камен-темелниците што го одбележаа изминатиот период на посветеност кон пациентите: Вградивме целосно вештачко срце, прво во Македонија, со што болницата ја вбоивме во малкуте светски здравствени институции каде што се извршуваат вакви исклучително тешки зафати; Применивме 4К-технологија за побезбедни и поуспешни интервенции; воведовме дијагностика и лекување деца со хематолошки и онколошки заболувања; успеавме да оперираме новороденче со ретка аномалија на хранопроводот; отстранивме редок тумор на трудница и горди сме што спасивме два живота; вклучивме нова метода – Argon plasma coagulation (APC) во третманот на белодробните тумори… Што се однесува до бројките, во последната година во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се извршени 8.700 операции, а лекувани се 300.000 пациенти. Бројот на болничките пациенти изнесува 15.000, а во овој период извршени се 285.000 амбулантски услуги. Конечно, горди сме што во болницата се родени 1.415 бебиња, што е рекорден број на новороденчиња до сега.

Она што можеме да ветиме е дека и во иднина заеднички, посветено и напорно ќе работиме, воведувајќи нови техологии, процедури и светски трендови, со цел врвните здравствени услуги да ги донесеме сè поблиску до нашите пациенти.

Среќен 9.роденден!