fbpx
ОДДЕЛИ

Ендокринологија

 

Одделот за ендокринологија обезбедува целосен спектар на услуги за сите ендокринолошки нарушувања. Располага со најсовремена технологија во регионот за дијагноза и третман на ендокринолошки болести. Програмата за дијабетес нуди целосна нега за болните од дијабетес вклучувајќи консултации за специјален режим на исхрана, инсулински пумпи и широка палета на едукативни активности.

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП

Мултидисциплинарниот тим, составен од специјалист по ендокринологија, медицинска сестра задолжена за едукација на пациентите со дијабетес, нутриционист, како и другите специјалисти кои работат на оваа проблематика обезбедува беспрекорна медицинска грижа за пациентите кои имаат дијабетес или, пак, сакаат дополнително да се едуцираат.

Одделот за еднокринологија е во постојана соработка со другите оддели во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со цел да им обезбеди брза и точна дијагноза и лекување на пациентите со ендокринолошки нарушувања.

Нашите доктори се специјалисти за болести поврзани со коски, тироидни нарушувања, проблеми со хипофизата, надбубрежни нарушувања, како и хормонални нарушувања кај мажи и жени.

 

 

ТРЕТМАН

Одделот за ендокринологија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги обезбедува следниве услуги:

  • Општа ендокринологија и невроендокринологија
  • Тироидни заболувања, тироидни јазли и канцер
  • Нарушувања на липидите
  • Остеопороза, метаболичко заболување на коските и нарушувања поврзани со калциумот
  • Динамични ендокринолошки тестирања
  • Проблеми со хипофизата: хирургија, амбулантска и болничка нега, вклучувајќи акромегалија, Кушингов синдром, пролактиноми, нефункционален аденом на хипофизата, краниофарингиома. Потоа, заместителна хормонска терапија на хипофизата, вклучувајќи го н
    амалувањето на хормоните кај возрасните по трауматска повреда на мозокот.
  • Проблеми со надбубрежната жлезда, вклучувајќи ја Адисоновата болест, конгенитална адренална хиперплазија и индиценталоми.
  • Репродуктивната ендокринологија опфаќа дефицит на хормони кај возрасните, хипогонадизам, индукција на сперматогенеза и овулација, синдром на полицистични јајчници.
  • Грижа за пациентите кои имаат канцер во подоцнежна фаза
  • Хирургија: хиперпаратироидизам, тироидни јазли, тумори на надбубрежна жлезда, тестиси.
  • Ендокринолошки нарушувања во бременоста, како и гестациски дијабетис
  • Добро испланирана едукација на пациенти
  • Психолошка поддршка на пациентите со ендокринолошки заболувања
  • Дебелина
  • Брачна неплодност
  • Еректилна дисфункција
  • Остеопороза
  • Нарушувања во раст и развој
  • Тироидни нарушувања
  • Нарушувања на надбубрежни жлезди
  • Хипофизни и хипоталамички нарушувања
  • Ендокрини тумори
  • Педијатриска ендокринологија