fbpx

Д-Р МЕД. НАУКИ ЖАРКО ХРИСТОВСКИ, ПАНЕЛИСТ НА ЕДНОДНЕВНИОТ КУРС „МY SOFIA VALVES“ ОДРЖАН ВО БУГАРИЈА

20.04.2024

Во организација на Бугарското здружение за интервентни кардиолози, на 13 април во Универзитетската болница „Света Ана“ во Софија, Бугарија се одржа првото издание на еднодневниот курс „My Sofia Valves“. Овој еднодневен курс претставува можност за размена на научни знаења и искуства, а пред сѐ, за презентација на најновите достигнувања во областа на кардиологијата преку практични случаи, интерактивни сесии и дискусии.

Д-р мед. науки Жарко Христовски, специјалист по кардиологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беше еден од поканетите панелисти на две сесии на овој репрезентативен собир: „Комплицирани сценарија за ТАВИ (Транскатетерска имплантација на аортна валвула)“ и презентација на практичен случај од секојдневната клиничка практика.

На овој настан присуствуваа предавачи и делегати од Бугарија, Северна Македонија, Романија, Полска, Италија, Словенија и други земји.

IMG