fbpx

Благодарение на посветеноста и професионалноста на докторите од Аџибадем Систина, повторно сум на нозе

28.01.2020

Во најубавите години од животот 28-годишниот Михаил Митевски доживува сообраќајна несреќа со мотор и неговиот живот е ставен под знак прашалник. Вели младоста претставува темперамент, извор на енергија, адреналин, но и надеж и борбеност за живот.

Лежел пет дена со скршеници во друга здравствена установа, но без никакво подобрување. Решил дека сам ќе се бори за својот живот и побарал од своето семејство да го префрлат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

IMG

По клиничкиот преглед и компјутерска томографија забележале две скршеници на карлицата и 8 сантиметри скинат мочен меур, како и фрактура на левиот колк, по што е поставена индикација за итен хируршки третман. По три дена кај младиот пациент е направена уште една интервенција поради скршеница на бутната коска.

„Најдобриот чекор во мојот живот е што побарав да ме префрлат тука. За среќа, дојдов на вистинското место, кај најдобриот тим од доктори. Презадоволен сум од д-р Неда Трајковска, специјалист по трауматологија, која многу стручно ја изведе целата операција и за кратко време можам повторно нормално да функционирам. Посветено и професионално се грижеа за мене, како никаде на друго место. Живеам во Швајцарија и можам да направам компарација со болниците таму. ‘Аџибадем Систина’ со гордост може да парира на болниците од светот. Имате доктори кои се врвни професионалци. Освен на д-р Трајковска, морам да им се заблагодарам и на проф. д-р Јордан Савески и на урологот д-р Даниел Петровски, кои беа дел од хируршката екипа, но и на сите медицински сестри на хируршкиот оддел и на болничарот Самир. Нивната посветеност и позитивна енергија придонесоа за брзо закрепнување“- објаснува Михаил.

IMG

Д-р Неда Трајковска објаснува дека се работело за сериозна интервенција и морало веднаш да се реагира. За среќа, сè поминало во најдобар тек, па Михаил 5 дена по приемот станал на нозе.

„Беше викенд, државен празник, најавија трансфер на пациент со фрактура на карлица од друга болница. Си помислив во ред, бил во друга болница, фиксиран е надворешно, крвавењето е запрено, треба да се оперира одложено според протоколот за фрактури на карлица. Меѓутоа, на компјутеризираната томографија веднаш се прикажа дефектот на мочниот меур и јасно беше дека нема опции за одложување. Предноста на ‘Аџибадем Систина’ е 24-часовната достапност на комплетна дијагностика и на сите хируршки профили. Не беше прва ситуација да се спојат трауматолошкиот и уролошкиот тим, за кратко време се комплетираше целата екипа. По разговор со пациентот и семејството, за да им се објасни дека се работи за хируршка итност и можноста од компликации (поради присуството на урина и потребата од остеосинтетски материјал што во комбинација може да доведе до инфекција), пациентот за 2 часа од приемот беше подготвен и опериран. Три дена подоцна се процени дека пациентот е стабилен и може да издржи уште еден оперативен зафат, се направи фиксација на фрактурата на бутната коска со цел побрзо да се вертикализира и мобилизира. Постоперативниот тек помина уредно, без ниедна од очекуваните компликации. IMGСега, 4 месеци по операција задоволство е да се види насмеан млад човек без инвалидитет и ограничувања, со отворен пат кон иднината.“- додава д-р Неда Трајковска.