fbpx

БЛАГОДАРЕНИЕ НА Д-Р КАЛАМАРАС ГО ЖИВЕАМ ВТОРИОТ ЖИВОТ – РАДЕ СИМЕОНОВСКИ ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ

20.01.2021

Немам зборови со кои можам да ја искажам благодарноста кон целокупниот тим од Инфективниот оддел во „Аџибадем Систина“, но пред сè до инфектологот д-р Патриција Каламарас, поради која го живеам својот втор живот. Вака 58-годишниот Раде Симоновски ја започнува приказната за борбата со Ковид-19 во која тој и неговото семејство излегле победници. Со вирусот SARS CoV-2 биле инфицирани сите во семејството на Раде. Децата без симптоми, сопругата со неколку дневна главоболка и лесни симптоми, главната борба со вирусот ја водел Раде, кај кого болеста резултирала со пневмонија и неколку дена морал да биде третиран и со озонска терапија. Но и покрај компликациите тој не се откажал во ниту еден момент, имал потполна доверба во д-р Каламарас и знаел дека во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе добие соодветен и најдобар третман. „Имав висока телесна температура и големи болки во пределот на грбот. По направената рендген-снимка и комплетна крвна слика, д-димерите ми беа 180 во граница на нормалата, но и покрај тоа по неколку дена изгубив чувство за вкус и мирис, имав болки во грлото и тешко кашлав и самиот чувствував дека состојбата ми се влошува и веднаш ја контактирав д-р Каламарас и на нејзина препорака бев хоспитализиран на Инфективниот оддел во ’Аџибадем Систина’. Резултатите покажаа дека сум во фаза на почетна пневмонија, но во д-р Каламарас имав потполна доверба и знаев дека сум на вистинското место.

pacient rade kalamaras

На одделот бев хоспитализиран 8 дена и си заминав дома сосема здрав. Можам само да ѝ упатам длабок наклон на докторката и да кажам дека таа е заслужна што денес сум жив“, раскажува Раде. Пациентот бил поставен на кислородна терапија, интравенски примал течност и комбиниран антибиотски третман, кортико и антикоагулантна терапија. Исто така бил третиран и со хемофилтрација. Инфектологот д-р Патриција Каламарас потенцираше дека кај пациентот се развила и цитокинска бура и дека поради тоа бил третиран со терапија исклучиво наменета за таква состојба. „Пациентот беше во многу тешка состојба, направени беа бројни испитувања и беше заклучено дека му е неопходна хоспитализација, што се потврди и во понатамошниот третман. За неколку дена кај пациентот се разви цитокинска бура на која се интервенираше со посебна терапија и пациентот беше стабилизиран и по успешниот третман си замина дома во добра здравствена состојба“, вели д-р Каламарас. Цитокинска бура, како што појаснува таа, подразбира точен тајминг на самата состојба на пациентот, односно поклопување на сите коцки од мозаикот, кога со одредени услови со одредени параметри коишто дозволуваат примена на посебна терапија.

Таквата терапија не може да се употреби кај кој било пациент затоа што има одредени предуслови кои треба да се поклопат и се фати навремено цитокинската бура за лекувањето да заврши со успех. Доколку не се почнеше навреме и не се третираше пациентот клинички, тогаш крајот сигурно ќе биде поинаков“, вели д-р Каламарас.

ДОКТОРИТЕ ПОЖРТВУВАНО СЕ ГРИЖЕА ЗА НАС, А СЕСТРИТЕ СО ПЕСНА НЀ ОХРАБРУВАА

Два месеца по третманот Раде вели дека се чувствува добро и дека се радува на секој миг поминат со семејството. Упатува огромна благодарност до медицинскиот тим и до раководството на болницата што опремиле оддел наменет и на пациентите со тешка клиничка слика на Ковид-19. „Презадоволен сум од третманот што го добив од страна на медицинскиот персонал и од целокупниот однос на вработените, но освен на д-р Каламарас огромна благодарност им упатувам и на д-р Хари и на д-р Шиков на нивната пожртвуваност и што во секој еден момент внимаваа не само на мене, туку и на сите пациенти, впечатокот ми беше дека докторите дури и не си одат дома, туку дека се постојано тука на наше располагање. Голема благодарност и до останатиот помошен персонал, кои ни беа огромна поддршка во борбата со непредвидливиот вирус. Имаше моменти кога со песна влегуваа кај нас и ни носеа терапија, тоа беше пријатно изненадување, во најтешките моменти за нас нивната песна ни влијаеше позитивно. Најголема благодарност до г. Јордан Камчев што направи ваков ковид-центар за помош на пациентите и што спасува стотици животи“, посочува 58-годишниот пациент.

kalamaras rade

ТРЕТМАНОТ Е ИСТ КАКО И ВО НАЈЕМИНЕНТНИТЕ СВЕТСКИ БОЛНИЦИ

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, нагласува д-р Патриција Каламарас, за пациентите со Ковид-19 се грижи врвен експертски тим од повеќе специјалности, односно инфектолози, анестезиолози, кардиолози и интернисти и се применуваат најнови и современи терапии и методи на лекување, препорачани од СЗО. „Во болницата ‘Аџибадем Систина’ се следи секоја препорака од СЗО и постојано се набавуваат и нови терапии за ковид-пациентите. Секој пациент во ‘Аџибадем Систина’ се третира исто како и во најеминентните медицински центри во светот. Сепак, унифицирана терапија за ковид-пациентите не постои, сите се третираат индивидуално, зависно од коморбидитетите, текот на болеста и од отстапувањата од лабораториските анализи, односно уникатна терапија за секој пациент поединечно“, појаснува д-р Каламарас. Таа додава дека негува посебен пристап при лекувањето на пациентите со Ковид-19, кој освен медицински третман им нуди и психолошка поддршка. „Сметам дека на пациентите им е потребна и психолошка поддршка, особено поради фактот што овој вирус редовно дава и фази на депресија или на психоза. Тоа не го велам само за пациентите кои се хоспитализирани на Инфективниот оддел, кои можат во секој момент да ми се обратат доколку имаат некоја потреба, туку и за пациентите коишто се третираат амбулантски. И нив им е потребна секојдневна поддршка и затоа ги контактираме и по неколку пати на ден. Постојано сум со пациентите, кога и да им затребам, да им помогнам како терапевтски, така и преку психолошка поддршка“, вели д-р Каламарас.

ИСКРЕНА ПОДДРШКА ЗА НЕУМОРНИТЕ ДОКТОРИ ОД ИНФЕКТИВНИОТ ОДДЕЛ: СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД „НОВА“ ПОДАРИЈА УМЕТНИЧКИ ТВОРБИ

Децата од трета година од средно училиште „Нова“ им подарија на докторите од Инфективниот оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ уметнич – ки ракотворби, цртежи, песни. Грижата за болните, за најтешките ковид-пациенти е нивен секојдневен предизвик, тоа значи и многу откажувања, неуморен ангажман, затоа средношколците имаа посебен начин да се заблагодарат. А потегот предизвика и ис – крени емоции кај докторите оти доаѓа од најмладите, од најискрените.

olimpija nova

„Нè инспирираа докторите, нивната пожртвува – ност, нивната борба да се спасат животи. Сакаме на ваков начин да изразиме посебна благодарност на сите доктори од ‘Аџибадем Систина’“, вели Олимпија Камчева-Стојческа. Д-р Патриција Каламарас, шеф на одделот, вели дека ова е суштинска потврда за нивната работа и поттик во борбата со болеста. „Благодарам за нивната поддршка, многу ни значи, особено што доаѓа од средношколци. Ова е првпат да добиеме вакви искрени честитки и благодарност. Значи многу“, вели д-р Каламарас.

olimpija nova