Аџибадем Систина

ПРОМОЦИЈА НА ВОДИЧ ЗА РОДИТЕЛИ „ОРИГАМИ“ НА Д-Р КАМЕЛИЈА СИМЕОНОВА

12.12.2025

На 16 декември (вторник), од 19 до 21 часот, во хотел „Хилтон“ ќе се одржи промоција на најновиот водич за родители „Оригами“, авторство на д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија и докторантка во завршна фаза на докторските студии.
 
Во време кога родителството бара повеќе свесност, смиреност и разбирање од кога било, пристигнува водич што ветува да внесе јасност и баланс во секој дом. Како што лист хартија може да се претвори во елегантна форма, така и секое семејство може да се обликува во поцврста, поблиска и посреќна целина. Токму тоа е инспирацијата зад „Оригами“.
 
Овој водич им помага на родителите да ги препознаат предизвиците пред да станат конфликти, да се воздржат од обвинување и споредување, да ги „прочитаат“ тишината, бунтот и емоциите на своите тинејџери, да создадат доверба и стабилност во домот и да донесат мудри и смирени одлуки во најчувствителните моменти од растењето на своите деца.
 
Промоцијата е од отворен карактер и претставува можност сегашните и идните родители да се запознаат со алатки и стратегии кои вистински ја менуваат динамиката во семејството.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.