Аџибадем Систина

ГОРДИ СМЕ НА НАШИТЕ ХЕРОИ, НО УШТЕ ПОГОРДИ КОГА НИВНИОТ УСПЕХ ИНСПИРИРА

22.10.2025

Клиничката болница "Аџибадем Систина" со голема чест го споделува успехот на 16-годишниот Давид Домазетовски, кој го освои првото место и специјална награда на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес. 
 
Но, зад ова злато стои вистинска животна борба...
 
На само 5-годишна возраст, Давид беше хоспитализиран во нашата болница со тумор на мозокот. Благодарение на експертскиот тим неврохирурзи и мултидисциплинарниот пристап, неговиот живот беше спасен.
 
„Со секој нов успех на Давид, неизбежно се навраќам на сите тешки моменти низ кои поминавме и на сè што направи 'Аџибадем Систина' за него. Не можам а да не помислам колку би бил горд проф. д-р Јовица Угриновски ако го видеше Давид денес — силен, решителен и победник во животот“ – изјави Ана, мајката на Давид.
 
Успесите на Давид не запираат, тој минатата недела учествуваше и на натпревар во Швајцарија, каде доби прва специјална награда.  
 
Денес, Давид не е само шампион во спортот - тој е симбол на непокорот, надежта и силата на човечката волја. Му посакуваме уште поголеми успеси и достигнувања! 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.