Аџибадем Систина

М-Р Д-Р КЛЕМЕНТИНА КУЗЕСКА И М-Р Д-Р АЛЕКСАНДАР БОЈАЏИЕВ ДЕЛ ОД КОНГРЕСOT ЗА РЕПРОДУКТИВНА МЕДИЦИНА ВО БЕЛГРАД

18.12.2025

М-р доктор Клементина Кузеска и м-р доктор Александар Бојаџиев, специјалисти по гинекологија и акушерство од Одделот за асистирана репродукција при Клиничката болница „Аџибадем Систина“, учествуваа на Првиот меѓународен конгрес на Српското здружение за репродуктивна медицина, кој се одржа на 5 и 6 декември во Белград.
 
Конгресот обедини меѓународно признати експерти од областа на репродуктивната медицина, ембриологијата, создавајќи платформа за размена на искуства, најнови научни сознанија и современи клинички пристапи.
 
Во рамки на настанот беа обработени бројни клинички значајни теми насочени кон унапредување на третманите и подобрување на исходите кај пациентките со постигнување подобри репродуктивни резултати.
 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.