Клиничката болница „Аџибадем Систина“ создаде нови специјални пакети за породување со значајни бенефиици и попусти. Како новина во пакетот, ексклузивно целото семејство на родилката добива 10% доживотен попуст за сите услуги во болницата. Доживотниот попуст следува и за сите мајки што се породиле во болницата од нејзиното основање.
Уште еден бенефит што може да го искористат трудниците е 10% попуст на прегледите во бременост и 10% попуст на пакетот за породување, доколку целосно ја водат бременоста во „Аџибадем Систина“ од 12. гестациска недела.
Во новите пакети се вклучени и дополнителни попусти за второ или трето породување, како и за водење на ИВФ-постапка во нашата болница.
„Трудниците што ќе се породат вторпат во ’Аџибадем Систина’ добиваат 20% намалување на пакетот за породување, додека за трето породување следува 30% попуст. Попустот важи и за првауспешна ИВФ-постапка со која следува намалување на 10% од цената на пакетот за породување. За втора успешна ИВФ-постапка следува 10% на ИВФ-постапката и 20% попуст за породување, за трета постапка паровите добиваат 20% на ИВФ-постапката и 30% попуст на пакетот за породување“ – објаснува д-р Гордана Петровска, шеф на Одделот за гинекологија и акушерство.
Како нова бенефиција за идните мајки породени во „Аџибадем Систина“ е и бесплатно 3-месечно користење на услугите на спортскиот центар „Premium“ со вклучен лекарски преглед, крвна слика, анализа на телесен состав со InBody. По породувањето следува и 30% попуст на сите услуги во центарот за слабеење „Slim Body Center“, 30% попуст на сите естетски хируршки процедури за обликување на тело (липосукција, корекција на гради, абдоминопластика, дијастаза на абдоминален мускул) и 30% попуст на сите медицински третмани вo „Center of Perfection“ (антиејџ-ласер, ласер за корекција на стрии, ласер за третман на лузни, PRP, масажа на лице, козметички третмани, хемиски пилинг). Овие бенефиции може да се искористат во рок од една година по породувањето.
БЕНЕФИЦИИ ШТО СЛЕДУВААТ СО СЕКОЈ ПАКЕТ ЗА ПОРОДУВАЊЕ
Пакетите за породување вклучуваат: болничко сместување, лабораториски анализи за мајката при прием во болницата, како и можност за спинална или епидурална аналгезија за безболно породување. Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ имаат свој неонатолог, кој ги следи нивниот раст и развој и со таа цел во пакетот се вклучени и аудиолошки, кардиолошки и ортопедски скрининг на новороденчето, совети за негова исхрана, три контролни прегледи во првиот месец и посета на патронажна сестра.
Во рамки на пакетите, за време на бременоста секоја мајка има можност да посетува бесплатни часови по јога, 3 масажи за трудници во спортскиот центар „Premium“, книга со совети за водење на здрава бременост и бесплатна фризерска услуга, како и бесплатна консултација со психијатар. По 36. недела секоја трудница добива и бесплатна кардиотокографија CTG.
Пред напуштање на болницата, секоја родилка добива специјален подарок, мултифункционална „Acibadem Sistina Baby“ – брендирана бебешка торба со информативен материјал и подароци. Дополнително во пакетот се вклучени и бесплатна консултација со психијатар, консултација со ендокринолог, нутриционист и бесплатен прв преглед кај гинеколог.
Во рамки на пакетот следува и попуст од 20% во рестораните: „SushiCo”, на ул. Ленинова „SushiCo Zen“, во Дајмонд мол, „Salvatore“ на Panorama Square и „Always fresh” во кругот на болницата.
Сите бенефиции содржани во пакетите за породување може да се искористат со претходна авансна уплата.
22 500 НОВОРОДЕНЧИЊА РОДЕНИ ВО НАЈГОЛЕМИОТ ПРИВАТЕН ЦЕНТАР ЗА ПОРОДУВАЊЕ
Со 22 500 новороденчиња Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најголемиот модерно опремен приватен центар за породување во земјава и регионот. 23 години грижата за идните мајки и нивните најмили е приоритет, применувајќи ги сите светски трендови и технологии во областа на гинекологијата и акушерството. Најголемото приватно родилиште располага со тим од 24 искусни и докажани гинеколози акушери, 21 акушерка и 40 медицински сестри кои се посветени на грижата за родилките и нивните бебиња.
ИЗВЕДЕНИ 34 500 ИВФ-ЦИКЛУСИ
Во Центарот за асистирaна репродукција „Мала Богородица“, досега се изведени 34 500 ИВФ–циклуси. Пионер е во имплементација на асистираните репродуктивни техники, а стапката на успешност е на ниво на светските референтни ИВФ-центри. Во центарот работи тим од 8 доктори, експерти од областа на асистираната репродукција, како и 9 медицински сестри едуцирани за работа во ИВФ-центар. Лабораторијата за асистирана репродукција во „Аџибадем Систина“ вклучува тим од 9 докажани ембриолози, андролози и лаборанти.
КОМПЛЕТНАТА ГРИЖА ПРОДОЛЖУВА И ПО ПОРОДУВАЊЕТО
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворена првата приватна Педијатриска болница со педијатриски ургентен центар во кој работат 27 педијатри – специјалисти, од кои 12 педијатри се супспецијалисти. Како засебен сегмент е и најмодерната Единица за неонатална нега во која работи најдобриот тим неонaтолози во земјава. Во грижата за критично болните и предвремено родени новороденчиња, вклучени се 9 неонaтолози и 16 високообучени сестри за работа во интензивна нега. Болницата располага и со најсовремена кардиохируршка и педијатриска интензивна.