Предвреме родените деца, децата со асфиксија, крвавење во мозокот или близначка бременост имаат поголем ризик за отстапување во моторниот развој и затоа раните превентивни проценки ќе доведат до порано согледување, а со тоа и до порано започнување со третмани, кои доколку започнат навремено, ќе ни донесат многу поголем и побрз ефект. Превенцијата и раната интервенција со физикална терапија најдобро е да се започнат во текот на првата година од животот на децата, бидејќи во тој период главна карактеристика е пластичноста на мозокот и токму затоа се постигнуваат и најдобри резултати.
Бесплатниот преглед може да се искористи од 3 до 12-месечна возраст на бебето, со претходно закажување на 02 3099 500.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.