Аџибадем Систина

Д-Р УРИМ ИСАХИ, ДЕЛ ОД XII ГОДИШНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГАСТРОЕНТЕРОЛОЗИ ВО КОСОВО

12.12.2025

На 5 декември, во Приштина, Косово, се одржа XII годишна меѓународна конференција на Здружението на гастроентеролозите на Косово. Темата на овогодишната конференција беше „Нови перспективи во гастроентерологијата“, на која учествуваа предавачи од Македонија, Косово, Турција, Германија, Албанија и Австрија.
 
Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој конгрес со свое предавање учествуваше д-р Урим Исахи, специјалист по гастроентерохепатологија, кој се претстави со презентација на тема: „Ендоскопски третман на постоперативни повреди на билијарното стебло – Преглед на наши клинички искуства“.
 
Главниот фокус на конференцијата беа најновите достигнувања во гастроентерохепатологијата, современите пристапи во третманот на пациентите и богатата научна програма, која опфати сесии, предавања и панел-дискусии. Настанот претставуваше значајна можност за размена на искуства, унапредување на стручните знаења и воспоставување нови професионални соработки, што директно придонесува за подобрување на квалитетот на здравствената грижа.
 

 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.