Аџибадем Систина

ПРОМОВИРАН ВОДИЧОТ ЗА РОДИТЕЛИ „ОРИГАМИ“ ОД Д-Р КАМЕЛИЈА СИМЕОНОВА

18.12.2025

Во присуство на голем број гости, вчера во хотел „Хилтон“ беше промовиран првиот водич за родители „Оригами“, чиј автор е д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија и докторантка во завршна фаза на докторските студии.

Во своето прво авторско дело, д-р Симеонова се осврнува на најчестите ситуации и сценарија што предизвикуваат реакции кај тинејџерите, нудејќи практични насоки за родителите како да постапуваат со цел да се избегнат недоразбирања и конфликти во семејството.

Таа истакна дека правилниот пристап и отворената комуникација со децата се клучни за надминување на предизвиците во адолесценцијата, нагласувајќи дека пубертетот е развојна фаза од која треба да произлезат зрели и оформени личности.

На промоцијата, покрај бројните посетители, присуствуваа и нејзини колеги од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кои ѝ дадоа поддршка за овој значаен проект. На крајот од настанот, посетителите имаа можност да добијат примерок од книгата со потпис и лична посвета од авторката.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.