fbpx

Промотивен кардиолошки пакет – Недела на коронарна артериска болест (20.03-24.03)

17.03.2017

Поликлиниката „Аџибадем Систина“ – Битола од 20 до 24 март организира Недела на коронарна артериска болест. Целта е навремено откривање на коронарната болест која е водечка причина за смртност во светот.

Направете интернистички преглед со проценка на ризик факторите, ЕКГ и коронарен стрес тест и навреме откријте ја болеста на артериите што го хранат срцето по промотивна цена од 2.000 денари.

Прегледот го изведува врвниот тим кардиолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје.

Закажете го вашиот преглед во Контакт центарот на „Аџибадем Систина“ на 02/ 30 99 500

Основата на коронарната артериска болест е артериосклероза – таложење масти во ѕидот на артериите кои што го хранат срцето. Болеста доведува до стеснување на луменот на крвниот сад, срцето не добива доволно хранливи материи и кислород, а најсериозна компликација е срцев удар. 

Ризик фактори за развој на болеста се нерегулиран висок крвен притисок, покачено ниво на маснотии (холестерол и триглицериди), дијабетес, пушење, возраст, прекумерна тежина, физичка неактивност.