fbpx

Соопштение до медиуми

21.03.2017

Следејќи  ги правилата на берзата во Куала Лумпур, групацијата IHH Healthcare Berhad (“IHH”) со седиште во Малезија, достави информација до берзата, објавувајќи го формирањето на субјектите на Поликлиниката „Аџибадем Систина“ во Битола, која што беше отворена на 1 март 2017 година. Поликлиниката „Аџибадем Систина“ е индиректна подружница на IHH која што нуди здравствени услуги во Битола, Македонија.

IHH, со берзанска вредност од приближно 11 милијарди американски долари, е лидер во приватниот здравствен сектор во Малезија, Сингапур,Турција и Индија а има свои здраствени установи и во Кина и Хонг Конг. Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како дел од Здравствената групација „Аџибадем“, е дел од IHH Healthcare од 2012 година. Ова резултираше со високо позиционирање на Македонија на светската здравствена мапа, имплементрајќи ги најсовремените технологии и протоколи во лекувањето на пациенти.