fbpx

Безбедно згрижување и евакуација на пациенти во случај на земјотрес и настанат пожар: Успешна вежба во „Аџибадем Систина“

16.12.2023

Тимот вработени и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ целосно одговорија на предизвикот за безбедна евакуација и згрижување на болни, посетители и персонал во случај на земјотрес. Во болницата се одржа комплексна симулациска вежба за проценка на подготвеноста за вакви итни ситуации, прва помош и противпожарна заштита во непредвидени услови.

Целта на оваа вежба, која се реализира во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, беше да се провери нивото на обученост на персоналот за справување со последици од елементарни непогоди, евакуација по настаната штета, соработка со други надворешни субјекти од системот за заштита и спасување.

Slika Copy Copy

„Персоналот има поминато обуки и вежби за постапување во вакви ситуации и се покажа дека сите ги потврдија своите знаења и способности, а новопримениот персонал се запозна со процесот. Со вежбите што континуирано ги изведуваме докажуваме дека се грижиме за безбедноста на вработените и пациентите, кои ја даваат довербата во лекарските тимови. Секако безбедноста е прв приоритет на кој успешно мораме да одговориме“, вели  Марјанчо Јаневски, командир на Единицата за заштита и спасување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во вежбата, Дирекцијата за заштита и спасување и Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје учествуваа со сопствени тимови и опрема. Вежбата се организираше со симулација на земјотрес со јачина од 5,8 степени, поради што настанале пожари во некои делови од болницата. 

Вежбата е во согласност со одредбите од Законот за заштита и спасување според утврдени протоколи за реакција во кризни ситуации. Со применување на овој тип вежби, Клиничката болница „Ацибадем Систина“ останува на патеката за приоритетна гаранција на сигурноста и на безбедноста на вработените и пациентите.